26/05/2024
Охрид

СДСМ: До кога народот ќе треба да ја плаќа цената за вработување на партиски заслужни кадри?

„На 25 седница на Советот на Општина Охрид глатко од советниците на владејачкото мнозинство беа изгласани годишните сметки на јавните претпријатија. Она на што сите сме сведоци е дека 5 јавни претпријатија продолжуваат со загубите, но за разлика од изминатите години, оваа година претпријатијата се со огромни загуби како резултат на непродуктивните трошоци. За сметка на тоа, граѓаните на Охрид добија зголемени цени на услугите за ѓубретарина, зголемени цени на услугите од градски пазар, зголемени услуги за гробарина и гробни места.

Бесмислените оправдувања кои секојдневно ги слушаме веќе од далеку се провидни. Фактот дека раководните лица се во неможност да ги менаџираат јавните претпријатија треба да го засега Градоначалникот Пецаков. Но, народот го интересира и прашува: Какво добро видоа луѓето од работата на јавните претпријатија и дали се уште и до кога ќе треба тие да ја плаќаат цената за вработување на партиски заслужни кадри и делење на партиски колач помеѓу неколкумина засегнати?“ – истакна Јован Крлев, портпарол на ОО на СДСМ Охрид.


WebOhrid / 18.03.2023 / ОО на СДСМ Охрид