29/04/2024
Охрид

СДСМ: Хаосот во сопствените редови ВМРО ДПМНЕ треба да престане да го сее меѓу народот

Во врска со денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, реакција испрати ОО на СДСМ Охрид во која стои:

„Превртувањето на тези и барање на виновникот за состојбите во државата биле и натаму се специјалитет на опозициската ВМРО ДПМНЕ на централно, а со тоа и на локално ниво.

ВМРО ДПМНЕ и преку денешното обраќање на членот на Извршниот комитет Кирил Пецаков сака граѓаните да ги помине „жедни преку езеро“ и лесно да заборават што правеа врхушката на партијата и нивните следбеници над една деценија апсолутна власт во државата и во Охрид.

СДСМ секогаш се виновни а тие – ВМРО ДПМНЕ секогаш во право.

Тие ја сакаат државата, а ние НЕ.

ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна опозиција со своето делување и кога беа власт повеќе од очигледно е дека во преговорите со Грција околу проблемот со името и во аспирациите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ зборуваа едно пред светот а друго правеа дома. Свесно со антиквизацијата и со ред други преземања преговoрите ги турнаа во амбис а државата во тешка изолација.

Политиката, еден чекор напред два назад ја осуети целиот демократски свет кој застана зад СДСМ и коaлицијата која сака Македонија конечно да излезе од ќорсокакот во кој беше.

Конечно нивната погубна политика за државата беше казнета на паралеметарните избори и потоа на локалните а всушност и сега 610 000 гласови ЗА на Референдумот значат победа на граѓаните кои докажаа дека се’ за Македонија да продолжи по патот на прогресот и членството во НАТО и ЕУ.

Податоците од Државната изборна комисија го велат следното:

Во Охрид на референдумот излегле вкупно: 16 293 граѓани. Од нив дури 14 401 гласале ЗА а против биле 1294 гласачи и имало 598 неважечки ливчиња.

Нормално е, кога сте власт не можете одеднаш да имате волшебно стапче и да решите се’. Референдумот беше граѓански и консултативен а не обврзувачки.

После пустошот тешко и’ е на СДСМ насекаде и на централно и на локално ниво да ја доведе државата во нормала. Се оди според законите и се почитува дигнитетот на секој граѓанин.

Притисоците, заканите и уцените од партиски лица се специјалитет тому на нивното владеење.

Криминалот во највисоките редови на нивните политичари полека се докажува пред институциите на системот – таму каде што му е местото во судството. Токму тоа судство кое беше урнисано до темел од нивна страна.

Но, очигледно тоа не му одговара на ВМРО ДПМНЕ и не сакаат никогаш да преземат одговорност за ништо, па дури и сега кога зависи иднината на државата. За нив поважни се нивните бизниси и како да се дојде до спас на врхушката од затвор. Се’ друго е ирелевантно.

И не треба многу за да си паметен – не смее да се заборави токму власта на ВМРО ДПМНЕ цела една деценија работеше свесно или не од Охрид, впрочем како и од цела Македонија да се иселат со илјадници млади кои треба да бидат иднината.

Ние од СДСМ се трудиме да создадеме услови да се вратат, а новите генерации да останат тука и од тука да комуницираат со Европа и светот.

И наместо да ја поддржат политиката на СДСМ и лидерот Заев и да застанат зад евроатлантската перспектива на земјата опозицијата спроведе тивок бојкот на референдумот без да им одговори на своето членство а и на симпатизерите и граѓаните – Што и како понатаму?

Хаосот во сопствените редови ВМРО ДПМНЕ треба да престане да го сее меѓу народот и чесното нивно членство има шанса да застане на патот на вистината и просперитетот на земјата.

Пораката од СДСМ – Охрид е почитувани сограѓани верувајте во она што нашата партија го прави – го правиме во име на желбата за просперитет на Македонија, за брзо и членка на НАТО и ЕУ.“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид.