27/04/2024
Охрид

СДСМ: Македонското здравство добро се справува со вирусот, сите имаме одговорност да се заштитиме себеси и нашите блиски

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Почитувани охриѓани, драги сограѓани,

Скоро три месеци се бориме со невидливиот непријател Ковид – 19.

Нема место за паника , туку е потребна самодисциплина и короната ќе ве заобиколи.

Македонското здравство има капацитет да се справи со оваа ситуација. Болниците се празни, според последните информации има само мал број нови пријавени во нив.. Тоа значи дека новозаболените се или без симптоми или со многу лесни симптоми, појава што ја имаме и во други земји особено Италија.

Време е и оние кои неверуваа во за жал моќта на вирусот да сфатат дека нема шега со него. Прашањето е: Или – или?

Или да се враќаме назад и повторно да живееме со рестриктивни мерки, со карантини и полициски часови, или сите целосно да се посветиме на почитување на мерките. Да носиме маска секогаш кога треба, да држиме физичка дистанца, да не се групираме. Ако овие мерки секој од нас ги почитува целосно, бројките на новозаболени ќе продолжат да паѓаат како што паѓаа во оној период кога сите се однесуваа одговорно и доследно ги почитуваа мерките.

Следејќи ги анализите сите овие поголеми бројки на кои сведочиме деновиве се директна последица на неколку фактори.

Прво од неработењето и саботирањето на мерките од страна на техничкиот министер за внатрешни Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата, Чулев јавно изјави дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките и задолженијата.

Масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час кои ги гледаше целата јавност, беа игнорирани од Чулев. Со тоа тој свесно го загрози јавното здравје и придонесе денес да имаме вакви бројки.

Второ, како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми. Тоа значи дека се тестира во точно утврдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.

Она што е добро е што кластерите се семејни и дека тие кластери се под контрола.

Сите ние треба да знаеме дека нови случаи ќе има и понатаму, и сега, и среде лето, и на есен, но важно е тие да бидат што помалку, за да не се оптовари здравствениот систем.

Институциите прават проценки и ќе дадат нови насоки како да се однесуваме.

До тогаш. Придржувајте се до мерките и држете дистанца и не се групирајте и често мијте раце.

Короната само со упорност и дисциплина ќе ја натераме да си замине и да стане минато за нас.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.