Започна акцијата „Мој Охрид – Чист Охрид“
Започна акцијата „Мој Охрид-Чист Охрид“ за генерално чистење на градот, поддржана од охридските јавни претпријатија и општинската администрација. Во акцијата учествуваа и вработените од ЈП „Билјанини Извори” кои го расчистуваа потегот од улицата „Јордан Мијалков”, патот за Велестово и просторот кај алеата на „Паднатите борци“.
Акцијата ја поддржа само еден граѓанин кој живее на ул. „Јордан Мијалков“.