28/03/2024
Охрид

Утре затворена за сообраќај улицата „Јане Сандански“

Поради асфалтирање, улицата „Јане Сандански“ утре (29.09.2021) во периодот од 5:00 до 16:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.

Надлежните служби при Општина Охрид упатуваат апел до охриѓани од вечерва да ги отстранат паркираните возила од двете страни на коловозните ленти со цел во раните утрински часови непречено да започне реализацијата на предвидените градежни активности.