01/09/2024
Охрид

СДСМ – Охрид: Честитка до членството и граѓаните по повод Велигден

„Драги наши сопартијци, симпатизери и граѓани.

Пред на нас е уште еден голем христијански празник Воскресението Христово – Велигден.

На православните верници и на сите останати кои го славите Велигден, честитајќи Ви го празникот Ви посакуваме лична среќа Вам и на Вашите семејства, хармонија, љубов и благосостојба во сечиј дом, на овој ден и во годината пред нас.

Во оваа време кога сите сме исправени пред предизвикот на денешницата борбата пред невидливиот непријател вирусот Ковид -19 сакаме потсетиме дека овој празник треба да не поттикне на добрина, на простување и на обединување.

Следете ги препораките на Владата и Министерството за здравство мислете на себе, на здравјето и сигурноста на Вашите најблиски но и на хероите од ова време – луѓето во белите мантили ии на сите оние кои мораат да работат и се во ризиик.

Останете дома – за доброто на сите!

За многу години Велигден!

Христос воскресе!“ – стои во Велигденската честитка од ОО на СДСМ – Охрид.