28/04/2024
Македонија

СДСМ: Со измените на Законот за стечајци обезбедена е егзистенцијата на околу 5.000 стечајци, секој е важен!

СДСМ со соопштение до јавноста, во кое стои:

„Усвоените измени на Законот за стечајци го прошируваат опфатот на лица кои ќе добиваат месечен надоместок со што се решава долгогодишниот проблем на околу 5.000 стечајци .

Покрај веќе обезбедената егзистенција за околу 3.000 стечајци со измените се овозможува материјално да бидат обезбедени дополнителни 2.000 лица кои ќе добиваат месечен материјален надоместок во износ од 7.596 денари.

Дополнително, со измените се олеснуваат потребните услови за стекнување на правото на материјално обезбедување, доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирало. Истовремено, се обезбедува и поголема флексибилност преку условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице, однсоно најмалку 52 години за жени и 55 години за маж.

Лицата кои бараат материјален надоместок условот за возраста треба да го исполнуваат во моментот на поднесувањето на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, а не од моментот на стапување на сила на постојниот закон, како што беше досега.

Со оваа мерка Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со статусот на стечајните работници и ја исправа долгогодишната неправда кон овие граѓани, кои не по своја вина останале без работа и долго време беа без никакви приходи.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да ги спроведуваат реформите што ги решаваат долгогодишните проблеми и обезбедуваат повисок животен стандард.“– стои во соопштението.