Се намалува цената на мазутот
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,11%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 71,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 64,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,212 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,780 ден/кг.
WebOhrid / 22.04.2025 / Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад