27/04/2024
Македонија

Се намалуваат цените на бензините, дизелот остана со иста цена

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,95%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,681 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,979 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 85,00 ден/лит.


WebOhrid / 05.10.2023 / Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги