29/04/2024
Охрид

„Балет за четири раце“ на пијано дуото Костова-Базгалоска

Со поддршка на Општина Охрид во петок на 6-ти октомври 2023 година со почеток во 19 часот во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи концертот „Балет со четири раце“ на пијано дуото Нина Костова и Ивона Базгалоска.

Љубителите на музиката ќе може да уживаат во изведба на прекрасни музички композиции од Чајковски, Рахманинов и Лангер.

Општина Охрид во континуитет ги поддржува младите музички таленти кои полека но сигурно го трасираат патот кон успехот настапувајќи на големи музички сцени.


WebOhrid / 05.10.2023 / Општина Охрид