18/05/2024
Охрид

Се подига зелен отпад во УЗ „Радојца Новичиќ“

Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ започнаа со акција за подигање на зелен отпад во У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Со акцијата е опфатено поширокото подрачје на оваа урбана зедница и заради обемноста акцијата за подигање на зелениот отпад од уредување на градини и дворови ќе трае и во наредните денови.