27/04/2024
Охрид

Се претставувал како директор на туристичка агенција, извршил измама во два угостителски објекти во Охрид

На 09.02.2020 година, во СВР Охрид, пријавен е случај кога едно лице, лажно претставувајќи се дека е директор на туристичка агенција, во два угостителски објекти во Охрид, сторил измама поврзана со поголема група туристи..

Сличен случај, на 18.01.2020 година, во полициската станица Дебар, пријавил и сопственик на ресторан во Дебар, а на 16.01.2020 стопанственик од истиот град, пријавил измама поврзана со нарачка на поголема количина лим. Потсетуваме дека во изминатиов период регистрирани се пријави од повозрасни граѓани кои пријавиле измама од лица кои нуделе набавка на огревно дрво по значително пониски цени. Ги известуваме физичките и правните лица, да внимаваат и да не наседнуваат на вакви и слични понуди од непознати лица и истите да ги пријават во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителите.