27/04/2024
Спорт

Силекс е освојувач на Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс славеа победа со 4:3 по подоброто изведуање пенали над Академија Пандев и се радуваа на трофејот од Купот на Македонија.

Во регуларниот дел, натпреварот заврши нерешено, без голови. И во продолжението, два пати по 15 минути немаше погодок. Двете екипи одиграа доста тврд натпревар, неефикасен. Во пенал серијата, екипата на Силекс покажа поголема концентрација и решителност и успеа да слави со 4 3.

Кај Академија Пандев во последната серија промаши Велиновски, а Карчевски претходно ги постави конечните 4 3.

По 24 години, екипата предводена од тренерот Горан Симов успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија.