05/03/2024
Спорт

Скок од 2 места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

По двете победи со по 2:0, против Гибралтар во гости и на домашен терен против Ерменија, Македонија се искачи 2 места погоре на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, макеедонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 68 место.

На врвот од ФИФА рејтинг листата се искачи Белгија, пред светскиот шампион Франција. Всушност овие две репрезентации го делат првото место, разликата е само неколку децимали. Белгија има 1729.25 бодови, додека пак Франција со 1729.12 бодови. Следуваат Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија…

Најголем скок минатиот месец забележа репрезентацијата на Украина со +6 места се искачи на 29 место, додека пак најголем пад забележа репрезентацијата на Гана од -6 места која се најде на 51 место.

WebOhrid