Словенечкиот амбасадор Јазбец во посета на Општина Охрид

Амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија, Милан Јазбец, вчера беше во протоколарна посета на Општина Охрид. Во рамки на посетата тој оствари средба со Претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска.

Во рамки на средбата беше разговарано за досегашната одлична соработка на неколку заеднички културни проекти и бeше потенцирано дека таквата соработка ќе продолжи да се унапредува и во иднина.

Беше разговарано и за деталите околу организацијата на петтото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“.