29/04/2024
Охрид

„Снегулка“ – нова новогодишна детска песна за охриѓанецот Александар Петрески

„Снегулка“ е нова новогодишна детска песна за охриѓанецот Александар Петрески.

„Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа волшебна бајка во невините детски очи. Сеуште во уши ми ѕвонат звуците од честитките…

Сето тоа, за кое можам уште многу да зборувам, накратко го опишав во оваа новогодишна детска песна. Испеана е од возрасни вокали, како хибрид, кој би овозможил уживање и на децата и на возрасните. Иако идејата брзо ја реализирав, напорно на останатите финеси работев три месеци и по безброј изведби на кауч е веќе хит во мојот дом.“ – вели Александар.

Музика, текст, аранжман, продукција и мастеринг – Александар Петрески.

„Бескрајна благодарност до:

Девојката со ангелски глас – Марија Цветановска.

Зад преубавите пејзажи низ Германија и декоративните кадри стои Оливер Петокски.

Зад охридската приказна и видео продукцијата стои Климент Симоноски.

Мојата желба и моето мото се ”making history”. Посакувам што поголемо слушање и ширење позитивна и новогодишна енергија.
Ви посакувам среќна Нова Година и весели празници.

Слушнете, уживајте, споделете и бесплатно претплатете се на мојот канал. Enjoy, like, comment, share and subscribe.“– додава Александар.