25/04/2024
Македонија

Сончево и потопло со умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе има услови за краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со појава на локален попладневен дожд во планинските региони. До среда ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен правец, а во понеделник попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.