20/04/2024
Струга

Сообраќајка кај село Миследожда, повредени повеќе лица

На 28.04.2022 во 15.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-2243 кај село Миследожда, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген венто“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Струга и товарно моторно возило „рено канго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(67) од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.П., Н.Ш.(51), сопатник во возилото „венто“ и Л.М., сопатник во товарното возило, додека со телесни повреди се здобил возачот А.Р. и сопатниците од возилото „венто“, М.Ш.(36) и А.П.(44), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.