Соопштение за организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација за ДУП за УЗ 4, дел од УБ 4.4 општина Охрид

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) односно член 123 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. Весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18) и Решението за организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација бр.19-10872/7 од 13.09.2018 год. Градоначалникот на општина Охрид дава

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ 4, ДЕЛ ОД УБ 4.4, ОПШТИНА ОХРИД [преземи pdf]

1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 4, дел од УБ 4.4, општина Охрид е опфат со површина од 122110 м2 односно 12.21 ха и тоа во граници на:

– од северозападна страна граничи со северозападната страна на профилираното корито на реката Даљан,
– од североисточна страна со осовината на магистралната улица M1 Булевар “Туристичка”,
– од јужната страна со осовината на собирна улица С8 “Распаќе” како и со осовината на регионалниот пат Охрид – Струга.

2. Јавната анкета ќе трае од 20.09.2018 – 03.10.2018 год.

3. Јавната презентација ќе се одржи во Големата сала на општина Охрид на ден 21.09.2018 год (петок) со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14.00 до 16.00 часот во просториите на општина Охрид.

6. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.