26/04/2024
Македонија

Соработка со даночните администрации на Црна Гора и на Естонија во рамки на Фискалис 2020 програмата

Претставници од даночната администрација на Црна Гора беа во работна посета на Управата за јавни приходи на која се разменија искуства во делот на: законски одредби врз кои се заснова регистрацијата на даночните обврзници; Регистрација на стопанската дејноста, Процесот на регистрација преку автоматска размена на податоци помеѓу Управата за јавни приходи и Централниот регистар (едношалтерски систем); Процес на доделување на Единствен даночен број (ЕДБ); Доделување на единствен даночен број (ЕДБ) директно во УЈП; Електронска регистрација преку системот на е-даноци за правни лица и физички лица (физички лица). Даночните службеници од Црна Гора имаа можност да се запознаат и со организационата структура, инфраструктурните капацитети и ИТ решенијата, како и со комуникациски канали и новите услуги што ги нуди Контакт Центарот на УЈП.

Истовремено, во работна посета на Управата за јавни приходи беше и претставник од даночната администрација на Естонија на која се разменија искуства во делот на: законските одредби за постапка за ДДВ регистрација; контролни мерки / механизми пред регистрација за целите на ДДВ, (посети, задолжителни проверки и документација, ефективност на контролниот механизам); Постапка за ДДВ поврат на и критериуми за ДДВ поврат; Reverse Charge System – ДДВ регулатива и практични случаи; Критериуми за ризик за контрола; Случаи на даночно затајување.

Овие работни посети беа реализирани во рамки на програмата на ЕУ Фискалис 2020, на која Управата за јавни приходи е корисник.