27/04/2024
Охрид

Советникот на Левица во Советот на Општина Охрид поднесе барање за државна ревизија во Јавните претпријатија во Охрид

Советникот на Левица во Советот на Општина Охрид поднесе Барање за државна ревизија во Јавните претпријатија во Охрид.

„До Државниот завод за ревизија, по електронски пат, советникот на ЛЕВИЦА во Советот на Општина Охрид, Виолета Аврамоска, поднесе Барање за ревизија за следните Јавни претпријатија во Охрид:

– ЈП „Водовод“ Охрид

-ЈП „Комуналец“ Охрид

-ЈП „Билјанини извори“ Охрид

-ЈП „Градски пазар“ Охрид 

Поднесеното барање е поради поднесените извештаи од споменатите Јавни претпријатија во Охрид, за нивното работење во периодот од 01.01.2022год. – 31.03.2022 година, од кои евидентно е дека овие четири ЈП и понатака работат со загуба. 

Сметаме дека е неопходно да се изврши ревизија со цел да се утврдат причините за тоа, бидејќи, последиците за неуспешното раководење со Јавните претпријатија, ги плаќаат вработените, со одлуки од страна на раководителите за неколку месечен принуден одмор со 70% плата, додека од друга страна се реализираат нови вработувања.“ – известуваат од Левица ЛО Охрид.


WebOhrid / 19.05.2022 / Левица ЛО Охрид