29/04/2024
Охрид

Советот на општина Охрид со поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

По повод месецот на ретки болести, претседателот на советот на Општина Охрид Сашо Донев и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во кампањата „Ги запознаваме ретките болести  2023“, која започна денеска и ќе трае до крајот на месец февруари.

Со симболично боење на една дланка како поддршка за 5% од пациентите со ретки болести кои имаат пристап до лекови, охридските советници испратија порака за поддршка и изразија надеж дека ќе се обезбедат подобри услови за лекување и третман на сите лицата со ретки болести.

Поддршка на кампањата даде и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Инаку, Локалната самоуправа и оваа година активно ќе се вклучи во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2022“ со осветлување на општинската зграда, јавни објекти и локации во боите на ретките болести.


WebOhrid / 01.02.2023 / Општина Охрид