29/04/2024
МакедонијаОхрид

Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снегот на Галичица

На 03.03.2023 во 19:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани. Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19:50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење.

Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило “фолксваген пасат” со косовски регистарски ознаки.


WebOhrid / 04.03.2023 / МВР