27/04/2024
Македонија

42 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден без лиценца

Во текот на вчерашниот ден (03.03.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик поради возење без лиценца и 42 сообраќајни прекршоци.

Упатени на вонреден технички преглед се три возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.