Спасени двајца загубени скијачи на Попова Шапка

Регионалниот центар за управување со кризи Тетово (РЦУК – Тетово) известува дека од ПС Попова Шапка, вчера (07.02.2019) во 20:45 часот примиле информација за двајца загубени скијачи на Попова Шапка.

Се работело за две лица македонски државјани од Тетово, кои што се скијале на Попова Шапка и истите биле пријавени за загубени од други лица кои што биле со нив во 19:45 часот во ПС Попова Шапка.

Околу 02:30 часот лицата се пронајдени во добра состојба и истите биле транспортирани до центарот Попова Шапка. Од РЦУК Тетово беа известени две Горско спасителни организации од Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС Тетово.

Во спасителната акција беа вклучени и ЕСЗ (единица за специјални задачи) кои што биле на Попова Шапка.