25/04/2024
Охрид

Сподели фотка и тагирај ги пријателите за ова лето СИТЕ да се ВО ОХРИД

Охридското Супер радио во текот на месеците јули и август, кога традиционално е најголем бројот на туристи во Охрид иницира акција на социјалните мрежи за максимална промоција на градот пред домашните и странските гости.

„Сè што треба да се направи е да се сподели омилената фотографија од Охрид на сопствениот профил и да се тагираат пријателите кои би сакале да ги поканите ова лето да дојдат во Охрид. Истите може да се од Република Македонија, но и надвор од земјатата, а целта е да се преплават социјалните мрежи со убавините на градот, но и понудата која е предвидена за ова лето, за сите кои сè уште се двоумат каде да заминат на одмор, да го одберат токму Охрид,“ – информираат од Супер радио.

Носечката страна на најпопуларната социјална мрежа Facebook за промоција на проектот е „На одмор во Охрид/Na odmor vo Ohrid“ каде веќе подолго време се споделуваат информации за омилените места за излегување во градот, места каде може добро и прифатливо да се јаде, понудата која ова лето се подготвува во градот, омилени кафе барови и сл.

„Акцијата ќе ја промовираме преку Facebook и во соседните земји од каде најчесто доаѓаат туристи како Бугарија, Србија и Албанија. Треба да се тагираат СИТЕ ВО ОХРИД и „На одмор во Охрид/Na odmor vo Ohrid“ за да ги имаме сите фотографии на едно место. Охрид со сите негови убавини е вистински магнет за туристите, а годинава се најавува и супер атрактивна музичка, спортска и забавна програма, што ќе придонесе градот да биде максимално исполнет во шпицот, а се надеваме и пред и после главната сезона,“ – додаваат од Супер радио.

Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД, сите „На одмор во Охрид/Na odmor vo Ohrid“.