15/10/2024
Струга

Спречено криумчарење марихуана на влезот од Радожда

Како резултат на преземени мерки и активности од страна на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад, на 03.03.2021 околу 21:00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на Езерото, спречено е криумчарење на марихуана.

Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Северна Македонија.

По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот законик.