27/07/2024
Струга

Акција за спречување нелегална сеча и нелегален транспорт на огревно дрво во струшко

На 28.06.2022 година околу 13 часот, на локален пат помеѓу струшките сека Боровец и Лакавица, кај месноста „Равење“, полициски службеници од одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи-Запад, во содејство со ОВР Струга, шумската полиција и подрачната единица на Министерството за шумарство и водостопанство и полициската станица во Лабуништа, презедоа координирани мерки со цел фаќање на сторители на нелегална сеча и нелегален транспорт на огревно дрво.

Притоа, сопрено е товарно возило „Ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од селото Велешта, во кое, без документација се превезувале 14,2 метри просторни огревно дрво а сопатник бил Т.Д.(45) од Вевчани, вработен во ШПС „Јабланица“ како манипулант за издавање испратници за транспорт на дрва. Истиот, веднаш се обидел да пополни испратница и да му овозможи на превозникот документ за легален транспорт, но не успеал целосно да ја пополни, бидејќи бил спречен од полициските службеници. Од него одземени се два кочани со испратници и еден чекан за жигосување дрва.

По наредба на јавен обвинител, двајцата се приведени, извршени се претреси во домот на Т.Д. како и во шумското претпријатие „Јабланица“, а товарното возило и дрвната маса се предадени на шумската полиција.

По целосно документирање, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 30.06.2022 / СВР Охрид