11/11/2024
Охрид

Спроведена превентивна обиколка на местата каде се собираат младите

Во периодот од 19 до 27 јули 2019 година, Секторот за внатрешни работи Охрид, на целото подрачје што го покрива, ја спроведе превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници на Советот на родители во основните училишта, од секторот за образование при локалните самоуправи како и на Центарот за социјални работи, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, во времето од 22 до 02 часот, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.

Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.

Целта на проектот „Мешани патроли“ е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местатакаде што се забавуваат  младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.