27/04/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Пецаков со претседателот и со генералниот секретар на ИПА Охрид

Претседателот на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, м-р Стефан Димоски и генералниот секретар Игор Смилески, викендов остварија средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во знак на благодарност за неговата континуирана поддршка во работата на ИПА Охрид, претседателот Стефан Димоски, на градоначалникот Кирил Пецаков, во името на охридските ИПА членови, му врачи Златна плакета за посебен придонес во развојот на ИПА Охрид.

На средбата, на градоначалникот му беше презентирана кратка збирна информација за домашните и меѓународни активности во текот на минатата 2022 година кога ИПА Охрид беше домаќини на ИПА делегациите од Нови Сад-Србија и ИПА Егнатија-Република Албанија со кои, оствари ИПА збратимување како и на делегациите од ИПА Австралија, ИПА Естонија и ИПА Златиборска-Република Србија.

Во разговорот, градоначалникот Пецаков беше запознат дека 2023 е седма година по ред, како ИПА Охрид ќе продолжи со активности за промовирање на идејата и потребата од изградба на современа, модерна и безбедна вело-патека помеѓу Охрид и Струга. Во таа насока, поканувајќи го да биде учесник, градоначалникот Пецаков беше информиран дека во почетокот на мај, членови на ИПА Охрид и Струга како и граѓани-вело вљубеници, со велосипеди, по седми пат, ќе ја возат релацијата Охрид-Струга-Радожда. Беше побарана поддршка зошто, вело патека помеѓу Охрид и Струга не е желба само на ИПА членовите туку и на армија граѓани од Охрид, Струга и цела Македонија, но и на илјадниците туристи кои го посетуваат охридско-струшкото крајбрежје.

Прифаќајќи ја поканата и заблагодарувајќи се на високото ИПА признание, градоначалникот Пецаков, истакна дека тој и општина Охрид, продолжуваат со поддршката, остануваат пријатели на ИПА Охрид и дека, меѓународната ИПА полициската соработка, претставува можност за афирмација на Охрид а посебно на професионален план, значи чекор плус кон подигнување на степенот на безбедноста во нашите средини и пошироко.


WebOhrid / 12.02.2023 / ИПА регион Охрид