29/04/2024
Македонија

Приведени крадци од тетовско, фатени на дело

Денеска (12.02.2023) во 02.15 часот кај Градскиот стадион во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Р.Р.(18) и Ф.Х.(19), двајцата од с.Пршовце, тетовско.

Тие биле затекнати при извршување на кривично дело кражба од паркирано товарно моторно возило „ман“, со тетовски регистарски ознаки.

Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.