26/04/2024
Македонија

Средба на министерот Димитров со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Палмер

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Република Македонија и во Регионот.

Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој нагласи дека граѓаните на Република Македонија, иднината на својата земја ја гледаат во евроатлантското семејство и изрази уверување дека успешно ќе го изодиме патот кон заслуженото место во НАТО и во Европската унија.

MFA 5411

МНР Димитров и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, разговараа за тековните аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во НАТО, како и за неодамнешниот прогрес во однос на постапката за уставните промени во Парламентот, со цел успешна имплементација на Договорот со Грција  и зачленување на Република Македонија во Алијансата како нејзина 30-та земја-членка.