24/04/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со генералниот секретар на Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион, Република Франција, оствари работна средба со Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол.

-Ова е исклучително важна посета, особено во моменти кога имаме сериозни предизвици на глобално ниво. Ефикасната борба против организираниот криминал, против тероризмот, насилниот екстремизам… зависи од тоа колку брзо ќе имаме размена на информации и податоци. Ми причинува огромно задоволство што генералниот секретар на Интерпол оддаде признание за напорите кои што Република Македонија ги прави за реформи во МВР, како и за професионалниот пристап во соработката со Интерпол“, рече министерот Спасовски по средбата со г. Сток.

Спасовски и Сток се договорија да се потпише Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол за признавање на патниот документ на Интерпол. Според овој договор Република Македонија го признава патниот документ и ги ослободува од виза неговите носители при влез и/или излез од Република Македонија кога тие вршат службени задачи од делокругот на надлежности на Интерпол.

Министерот Спасовски го покани генералниот секретар на Интерпол да ја посети Република Македонија, што ќе биде од особено значење за праќање на порака за заедничка борба против криминалот и корупцијата и против сите глобални предизвици.

https://www.youtube.com/watch?v=SbITN8i0ONI