20/04/2024
Македонија

МТСП: Градинките да го почитуваат Законот за заштита на децата

Министерството за труд и социјална политика испрати Допис до Јавните установи за деца-детски градинки во кој потсетува на одредби од Законот за заштита на децата.

Имено, Министерството за труд и социјална политика ги потсетува градинките на одредбата од Законот за заштита на децата (член 12, став (4) ) со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која одреба треба да биде спроведена од нивна страна.

При тоа, Министерството ги извести Јавните установи за деца-детски градинки дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, согласно со член 228, став (1, алинеја еден од Законот), истото преставува прекршок за кој е предвидена глоба и кој гласи:

„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст“.