Средба на премиерот Заев со поранешниот црногорски премиер Ѓукановиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со поранешниот премиер на Република Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Поранешниот црногорски премиер Ѓукановиќ ги поздрави реформските чекори во Македонија кои отвораат перспективи за државата и за регионот.

„Владата е решена да ги спроведе реформите и за добро на граѓаните, да ги решава прашањата што стојат на патот на стратешките цели“, рече премиерот Заев.

Заеднички е констатирано дека двете држави одржуваат традиционално пријателски односи коишто се добра основа за развој на соработката. Оценето е исто така дека е значајна размената на искуства меѓу Македонија и Црна Гора во економијата, како што е конкурентноста на претпријатијата, како и во делот на НАТО и ЕУ интеграциите.

Премиерот Зоран Заев соопшти очекување за напредок на Република Македонија во ЕУ интеграциите на пролет, а во НАТО интеграциите земјава да биде следна земја членка на НАТО, за што поранешниот црногорски премиер Ѓукановиќ изрази целосна поддршка.