„Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс во сабота пред охриѓани

На 20 ти октомври (сабота) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде одиграна претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини. 200 денари.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски.

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.  вели Софија Ристевска Петрушева.

Билетарата на театарот работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот.