28/03/2024
Македонија

Стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели

Од денес, (вторник, 3 август) стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.

Се апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.