07/12/2024
Македонија

Стартуваше Филозофскиот филмски фестивал во Кинотеката на Македонија

Синоќа во Кинотеката на Македонија со францускиот филм „Ограда против зајаци“ се отвори Филозофскиот филмски фестивал, кој е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата…

На вчерашното отворање, организаторите од Филозофското друштво на Македонија истакнаа дека Фестивалот се обидува да ја промовира идејата за филмот како медиум којшто може да испровоцира филозофска размисла и/или да илустрира филозофски концепти и идеи, на овој начин обраќајќи ѝ се на генералната публика, но и на младите во Македонија поттикнувајќи го развивањето на креативната и критичка мисла.
 
Од друга страна, Фестивалот се обидува да поттикне естетички анализи и истражувања на филмскиот јазик како форма sui generis и да ги охрабри младите режисери и филмски работници во Македонија на рефлексија врз клучните филозофски прашања и концепти со цел градење, развивање и негување на своите автентични филмски светогледи.
 
Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.
 
Вечерва од  18, 30 е „Вртоглавица“ на Хичкок, а по него следи „Граѓанинот“ на Враник. Филмската програма на Филозофскиот филмски фестивал се одвива до четврток, а утре има и џез концерт на Шамба џез трио.
 
filozofski_filmski_festival_12_april_2018_foto_2