26/04/2024
Струга

Стружанец лишен од слобода во угостителски објект во Охрид

На 23.04.2023 во 02.30 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(24) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.