26/04/2024
Охрид

Доделени наградите на децата кои учествуваа на 9-от Интернационален Бреионобреин натпревар

Во прекрасна атмосфера на забава и дружење, денес во просториите на Касарна ХАБ во Охрид, беа доделени наградите на децата од Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на 9-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 28 јануари 2023 година.

Децата и родителите не го криеја задоволството и гордоста што токму тие се дел од најстариот и најуспешниот Бреинобреин центар на Балканот и на овој престижен светски БОБ натпревар, во конкуренција од 20603 илјади учесници од 84 земји, 37 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид кои учествуваа на овој натпревар освоија 9 трофеи, 13 златни медаљи и 15 сребрени медаљи.

На овој настан, тренерите на Бреинобреин програмата, на децата им ги доделија и сертификатите за завршено соодветно БОБ ниво и воедно ги претставија најмладите ученици, кои оваа година го започнаа првото ниво од Бреинобреин програмата, но и „најстарите“ ученици кои во моментов го следат десеттото, последно ниво од Бреинобреин програмата.

Убавото сончево време беше искористено и за дружење и креативни друштвени игри на дечињата, заедно со волонтерите на Црвен крст Охрид, во природниот амбиент на просторот околу Касарна ХАБ.


WebOhrid 24.04.2023 / Црвен крст Охрид