25/04/2024
Охрид

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

На 17.07.2022 во 02.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид кај с.Другово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со австриски регистарски ознаки, управувано од А.Ж.(70) од с.Велешта, а со привремено живеалиште во Р.Австрија, и патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.З.(23) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.З. констатирани во Специјалната болница “Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.