18/06/2024
Струга

Стружанец пријавил насилно грабнување на неговата ќерка

На 09.07.2019 во 11:50 часот во ПС ОН-Струга, 60-годишен маж од село во Струга пријавил дека најверојатно од страна на Ф.А. била насилно одведена неговата малолетна ќерка.

Од преземените мерки добиени се сознанија дека девојката била во љубовна врска со Ф.А. и неколку пати претходно одела кај него по неколку денови и се враќала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.