27/04/2024
Охрид

Свечено откриена скулптурата „Раката на поетот“

Со пригодна свеченост, денес, во Велестово беше откриена склуптурата “Раката на поетот” од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.

На свеченоста присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиноски.

– Стремежот за убавина на човекот е изразен преку најразлични форми во уметноста распослани на најубавите места.Во Велестово на десетина квадратни метри имаме бујна културно-историска искра од 15 в. до денес. Па така на препознатливата чешма на црковнословенско писмо е амблемот на Поетската ноќ изработен од Славко Упевче, а мозаикот изработен од Никола Упевче, истото писмо од 15 век го имаме и пред нас во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”.Бронзен релјеф на најгласниот македонски поет од 19 век, Григор Прличев. Во каменопис запишано е времето кога е изградена чешмата, 1892 г. и на мермерната плоча се младичите кои своите животи ги положиле во текот на НОВ. И сега оваа скулптура од Никола Пијанманов ја врзува нишката со сето ова – ,,Раката на поетот” која ја црпи духовата врска на сите векови. Симболиката на значењето на изразот ,,камено срце” додава емоции на самата скулптура од патинирано железо која ги освојува луѓето. Скулпторот го храни каменот со себе си, а срцето се храни со каменот. Спој на страста и нежноста, сега поетот има своја претстава во ова извонредно дело и заедно со Велестово одат рака под рака под закрила на градот Охрид. Како Општина Охрид сме горди на овој момент затоа што нашите заложби се несебична поддршка за културата, рече Божиноски пред присутните.

Скулптурата е донација од уметникот за манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово”, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.


WebOhrid / 12.08.2023 / Општина Охрид