Свети литургии по повод претстојните празници

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2020 (сабота), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија.

Исто така на 01. Ноември 2020 (недела), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп. Прохор Пчински и прен.на мошти на Св. Јован Рилски“ ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.