26/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на книгата и авторските права

23 април е симболичен датум за светската книжевност, бидејќи токму на 23 април 1616 починале Сервантес, но и Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. 23 април е исто така е датумот на раѓање или на умирање и на други угледни автори како Маурис Друон, К. Лакснес, Владимир Набоков, Јосеп Пла и Мануел Мехиа Валехо.

Тоа беше природен избор за УНЕСКО на Генералната конференција одржана во Париз во 1995 година, на овој датум да им оддаде почит на книгите и авторите од целиот свет, поттикнувајќи ги сите, а особено младите луѓе, да го откријат задоволството на читањето и да добијат обновено почитување за незаменливиот придонес на оние, кои го забрзаа социјалниот и културниот напредок на човештвото. Имајќи го ова на ум, УНЕСКО го создаде Светскиот ден на книгата и авторските права.

Секоја година, УНЕСКО и меѓународните организации кои ги претставуваат трите главни сектори на индустријата за книги – издавачи, книжарници и библиотеки, избираат Светски главен град на книгата за период од една година, на 23 април секоја година.

Градот Атина беше избран за квалитетот на своите активности, поддржан од целата книжевна индустрија. Целта е книгите да бидат достапни за целото население во градот, вклучувајќи ги и мигрантите и бегалците.

WebOhrid