28/04/2024
Охрид

СВР Охрид и ОУ „Григор Прличев“ ја реализираа кампањата „Безбедно дете“

На 27.09.2021 година, СВР Охрид и Основното училиште „Григор Прличев“ ја реализираа сообраќајната превентивна кампања „Безбедно дете“. Притоа, на 120 ученици од шесто одделение им беа објаснети сообраќајните правила и прописи за безбедно движење и управување велосипед низ сообраќајниците, по што тие возеа велосипед и практично ја совладуваа теоретската настава.

Целта на кампањата е едукација на најмладите од областа на сообраќајот и доследна примена на сообраќајните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.