14/10/2024
Охрид

СВР Охрид започна со реализација на Проектот „Стоп за говорот на омраза“

СВР Охрид денеска (26.10.2022) започна со реализација на превентивно-едукативниот проект „Стоп за говорот на омраза“.

Полициските службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид со учениците во прва година од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ во Охрид, имаа интерактивен час за препознавање на елементите на говор на омраза, но и за потребата од меѓусебно почитување односно превенирање на било каков вид на насилство.

На учениците им беа поделени и летоци и друг едукативен материјал.

Проектот што ќе се реализира во сите средни училишта на подрачјето на СВР Охрид е во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.


WebOhrid / 26.10.2022 / СВР Охрид