26/04/2024
Охрид

Танески: Нови економски пакет мерки за граѓаните и стопанството

https://youtu.be/iCMJmRufIHs

„Владата го обелодени третиот пакет мерки за нов развој. Поддршка ќе добие секој којшто има потреба, а преку нив ќе ја стимулираме домашната економија.

Посебно сега во време на Ковид -19 кога економијата замре а тоа го почувствуваме сите. Борбата со невидливиот непријател — короната не е завршена а последиците од неа на економски план веќе се чувствуваат. Затоа, ефектите од овој нов пакет економски мерки ќе ги осетат сите граѓани и многу ресори во економијата. Ние сме социјална држава и солидарно општество. Овие мерки ќе придонесат за:

  • Поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, ќе може повеќе да се троши, за подобро да се живее и повеќе да се работи
  • Интервентно активирање на домашниот туризам

Овој пакет мерки ги опфаќа:

Граѓаните: невработените лица, социјално ранливите категории, младите (средношколци, студенти и млади до 29 години), домаќинствата со ниски примања, погодените сектори од кризата, домашните компании (производствени, прехрамбени и други капацитети), извозните услужната дејност и туризмот.

Вкупниот влог во новата развојна македонска економија, трите пакети мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5 до 5.5% од БДП и со нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници.

Ние од Охрид најдирекно ги чувствуваме загубите во туризмот а најлошото е што не знаеме ќе има или не сезона за барем малку да ја подигнеме економијата во областа на туризмот.

Ќе воведеме Платежна картичка за граѓаните – по 150 евра за македонски производи и услуги Оваа мерка ќе е достапна за сите невработени, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка, се намалува сивата економија. Но пред се’, се зголемува куповната моќ на граѓаните и со тоа се олеснува животот во услови на криза. Со оваа мерка се опфатени околу 100 илјади граѓани, а платежна картичка може да се користи само за домашни компании, производи и услуги и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра.

Воведуваме ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам.

Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП. Оваа мерка опфаќа околу 100 илјади граѓани а вредноста е 16 милиони евра.

Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картичка поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

Нудиме парична поддршка за студентите и средношколците од по 100 евра и платежна домашна картичка од 50 евра Тоа е знак на силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и средношколскиот стандард.

Со оваа мерка се таргетираат 100 илјади корисници, нашите млади сограѓани, а вредноста на мерката е 9 милиони евра. Мерката опфаќа ваучери од најмногу 100 евра за покривање на партиципација во Универзитет како и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци. Мерката вклучува и платежна картичка за студенти и средношколци, во вредност од 50 евра за домашни производи и услуги.

Новите мерки вклучуваат и ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини. Преки покривање на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и ИТ вештини кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија.

Оваа мерка ќе опфати од 7.000 – 10.000 млади до 29 години, во вредност од 3 милиони евра.

Драги охриѓани Владата предводена од СДСМ мисли на секој еден граѓанин – за СДСМ сите се исти. Борбата со Ковид -19 ќе ја добиеме исто како и борбата со поддршка на вас граѓаните и на економијата.

Важно е да ни верувате – следете ги препораките за доброто на сите!“ – истакна Лазе Таневски, претседател на СДСМ – Охрид и кандидат за пратеник.