29/03/2024
Охрид

Тепачка на кеј „Македонија“ поради недоразбирање при отстапување на првенство на минување

На 23.03.2019 година во 14 часот и 30 минути, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу С.Т.(40) и Б.Б(47), двајцата од Охрид.

Тие, поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите, започнале вербална расправија која набрзо прераснала во тепачка.

Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.