28/04/2024
Охрид

Тешко повреден охриѓанец кој бил нападнат со метални предмети на паркинг

На 08.06.2023 околу 23:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на паркинг на улицата „Караорман“ во Охрид, две лица физички и со метални предмети го нападнале С.Д. од Охрид.

С.Д. бил пренесен во специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


WebOhrid / 09.06.2023 / СВР Охрид